МВП-то на Работнички од „Градски парк“ се пресели во соседна Бугарија

Екипата на Левски Лукоил договори големо засилување во своите редови и го донесе Расел Робинсон, екс-кошаркарот на Работнички кој беше еден од главните виновници за враќањето на титулата во „Градски парк“.

Плејмејкерот од САД во ланската сезона беше еден од најдобрите кошаркари на центарци, а по финалната серија со МЗТ Скопје во која најтрофејниот колектив во нашата земја славеше со 3-0 и ја грабна 15. титула во историјата, Робинсон беше прогласен за МВП.

Робинсон потпиша едногодишен договор со бугарскиот тим. Во ланската сезона Американецот во просек имаше 9,2 поени, 3,6 асистенции, 2,5 скока и 1,6 украдени топки.