МВП наградата го прави Јокиќ најплатен кошаркар во историјата на НБА лигата!?

Јокиќ

Никола Јокиќ е МВП играчот за изминатата сезона во НБА лигата. Србинот доби најмногу гласови и убедливо победи пред останатите финалисти, Џоел Ембид и Стеф Кари.

Центарот на Денвер Нагетс ова лето ќе има можност да потпише нов договор со тимот од Колорадо. Соработката ќе биде на пет години и се очекува да го направи најплатен кошаркар во историјата на лигата.

Според проценките, 26-годишникот од Сомбор ќе добие 241 милиони долари за наредните пет сезони. Со тоа ќе го надмине Јанис Антетокумбо, кој има договор со Милвоки „тежок“ 228 милиони долари.

Конечниот пласман за Јокиќ донесе 971 поен, зад него беше Ембид со 586, а третопласираниот Кари освои 453 поени.