• Мартин Танасковски
Кошаркарската репрезентација на Македонија до 20 години го заврши настапот на Европското првенство (ЕП) Б-дивизија во Ереван на седумнаесеттото место, откако ја победи Словачка (65-64) во мечот за пласман.
Нашиот национален тим до победата дојде во последниот квартал. Имаше Македонија блесок во вториот период кога избега двоцифрено, но лошата трета четвртина ни донесе драма и неизвесен финиш.
Во последните минути кога се „кршеше“ резултатот, кошаркарите во црвена опрема беа поумешни во нападите, иако мечот можеше да има поинаков епилог затоа што Луканоски и Иванов промашија четири слободни во последната минута.
МВП-меч имаше Марко Луканоски, кој зад своето име запиша 19 поени и 19 скока и беше убедливо прво име во нашиот национален тим. Втор стрелец на Македонија беше Павел Иванов со 14 поени. Кај Словачка, се истакна Мартин Шлупис со 15 постигнати поени.
