• Горан Упале
Кошаркарите на Реал Мадрид се пласираа во финалето на Суперкупот на Шпанија победувајќи го големиот ривал Барселона со 90-80 во прото „Ел Класико“ сезонава.
Првото полувреме мина во знакот на каталонските кошаркари кои имаа сигурна предност, но и тешката повреда на Дарио Бризуела, кој доби силен удар во главата и веднаш беше пренесен во болница.
Сепак, избраниците на Матео во вториот дел успеаја да се вратат во игра, го презедоа водството, а со трите последователни тројки на Муса во последната четвртина веќе беше решено прашањето на победникот на големото дерби. Токму Муса со 24 поени беше најефикасен за Реал, Факундо Кампацо имаше 17 поени, Габриел Дек застана на 14 поени.
Во тимот на Роџер Гримау најдобар беше Николас Лапровитола со 27 поени, а Томаш Саторански запиша 17 поени. Во второто полуфинале, од 21:30 часот се среќаваат Мурсија и Уникаха.