Мулаомеровиќ: Македонија е далеку поискусна од нас...

Селекторот на Косово, Дамир Мулаомеровиќ, по мечот спортски го призна поразот од Македонија и истакна дека победила подобрата репрезентација, во првиот натпревар од претквалификациите за ЕП 2021.

„Натпреварот го одлучи поголемото искуство на Македонија. Поготовот на браќата Стојановски и Трајковски. Кога бевме во егал, не казуваа. Посебно поради одбранбените грешки. Се виде дека искуството е доста различно. Ние имавме доста промашени шутеви за три, мала нервоза, прв меч пред публиката. Подобри беа Македонците и во скоковите. Меѓутоа, нема што да им замерам на играчите. Одиграа онолку колку што можеа. Во 14 дена направивме што можевме. Имавме пократка ротација, пробавме да победиме, но не успеавме против подобриот противник“, изјави Мулаомеровиќ.

Наредниот меч Косово го игра на гостински терен, кај Романија, која претходно гостува во Скопје.