Мулаомеровиќ избра за Евробаскетот, Хрватска го натурализира Џејлин Смит

Селекторот на хрватската кошаркарска репрезентација, Дамир Мулаомовиќ го објави списокот од шеснаесет играчи кои ќе ја претставуваат Хрватска на Евробаскетот што ќе се одржи од 1 до 18 септември. На него го нема Анте Жижиќ, поранешен НБА играч и до неодамна играч на Макаби од Тел Авив. Жижиќ е еден од најдобрите хрватски играчи и изненадување е што Мулаомеровиќ го остави надвор од списокот.

Американецотг Џејлин Смит за првпат се најде на листата по натурализацијата. Тој игра на позицијата плејмејкер, а Муламеровиќ реши да го повика по заминувањето на Дино Раѓа од Хрватскиот кошаркарски сојуз. Смит деновиве е во процес на добивање хрватско државјанство.

Подготовките почнуваат на 3 август во Опатија, но НБА играчите Бојан Богдановиќ и Ивица Зубац ќе приклучат на тренинзите дури на 8 август. За време на подготовките, Хрватска на 13 и 14 август ќе учествува на турнирот во Пардубице, каде ќе игра натпревари со Бугарија и домаќинот Чешка, а договорени се и пријателски средби со Унгарија во Опатија на 18 август и со Словенија во Целје на 20 август.

Повиканите кошаркари за Евробаскетот се: Роко Рогиќ, Ловро Гњидиќ, Иван Рамљак, Горан Филиповиќ, Роко Пркачин, Марио Хезоња, Тони Перковиќ, Карло Матковиќ, Матео Дрежњак, Крунослав Симон, Доминик Мавра, Павле Марчинковиќ, Бојан Богдановиќ, Ивица Зубац, Дарио Шариќ и Џејлин Смит.

Во првата фаза на Евробаскетот, Хрватска во рамките од групата Ц која ќе се игра во Милано, ќе се сретне со Грција на 2 септември (17:00 часот), Велика Британија на 3 септември (14:15 часот), Естонија на 5 септември (14:15 часот), Италија на 6 септември (21:00 часот) и Украина на 8 септември (14:15 часот). Во осминафиналето ќе се пласираат најдобрите четири репрезентации од групата.