• Саше Љолес
Тренерот на Фенербахче, Шарунас Јасикевичиус, по шести пат во кариерата ќе биде дел од завршниот турнир во Евролигата, нешто што досега им успеа само на Жељко Обрадовиќ и Димитрис Итудис.
Литванскиот стратег како играч ја освојуваше Евролигата четири пати (по еднаш со Барселона и Панатинаикос и двапати со Макаби), а претходно тоа им појде од рака на Арменак Алачачјан, Мануел Лоло Саинс и легендарниот Светислав Пешиќ, кој како активен кошаркар го освои трофејот со екипата на Босна, а потоа и како тренер на шпанскиот гигант, Барселона.
Фенербахче на завршниот турнир ќе се соочи со актуелниот европски шампион, Панатинаикос, а натпреварот ќе се одигра на 23 мај во 17:00 часот.