Може ли Баерн на Тринкери да го среди и „кралот“ во Евролигата?

Вeчерва љубителите на најдобрата европска клупска кошарка ќе можат да гледаат дури четири натпревари во Евролигата, а нема да се игра само во Русија каде требаше да се соочат Зенит и Панатинаикос, но ковид-19 ја одложи оваа пресметка.

Шестата рунда од елитното клупско натпреварување ќе ја отворат ЦСКА и Валенсија во 18 часот. По двата последователни порази, рускиот гигант е во долниот дел од табелата во Евролигата, а на Димитрис Итудис дефинитивно му треба уште време да ги воигра сите ѕвезди со кои располага и пред сè, да го прилагоди Никола Милутинов на кошарка со висок интензитет. Уште од почетокот на сезоната има многу недостатоци во играта на ЦСКА, а фактот дека два од последните три европски натпревари завршија во продолженија, со една победа и еден пораз, покажува дека последниот европски шампион уште не е доволно воигран.

>>> Сите квоти на натпреварите во Евролигата во MOZZART

На другиот крај на скалата е Валенсија. Тренерот на „лилјаците“, Џауме Понсарнау, и покрај сите измени во ростерот, сепак добро го затегна тимот и во стартот на сезоната Валенсија има три победи од четири кола. Од нив, две убедливи победи има на гостувањето кај Реал и Жалгирис, што треба да биде сериозно предупредување за играчите на ЦСКА.

Валенсија во последните 10 години ниту еднаш нема славено над „армејците“ во Москва. На сите натпревари домаќинот триумфираше со двоцифрена разлика, а во јануари годинава имаше 11 разлика (81-70) со „дабл-дабл“ на Јоханес Футман. Валенсија на гостувањата оваа сезона игра буквално од раскош до очај. Паузите во Мадрид и Каунас резултираа со убедлив пораз од Бетис во Севиља, па затоа во Москва сите карти ќе бидат отворени. Тука, најпаметно би било да се игра на поени, односно плус.

>>> Сите квоти на натпреварот Макаби - Фенербахче во MOZZART

Еден од дерби дуелите во шестото коло се игра во Тел Авив. Макаби забележа тешка победа на гостувањето кај Химки по дополнителните пет минути, но ниту тој успех не ги отстрани проблемите што „Гордоста на Израел“ ги имаше на почетокот на сезоната со одбраната и со континуитетот во нападот. Фенербахче добро ја започна ерата со Игор Кокошков, но од поразот од ЦСКА во продолженијата, е во слободен пад. Големиот пресврт на Баерн по минус 22 поени и убедливиот пораз од Панатинаикос сериозно го потресе единствениот европски шампион од Турција, а српскиот тренер се најде во ситуација да ги пере дамките токму во Тел Авив. А таму, во последните четири години, Фенербахче славеше само еднаш. Не му лежи Фенер генерално на Макаби, бидејќи на последните осум натпревари, без оглед кој е домаќин, израелскиот гигант има пет триумфи. Но, ова е поинаков Фенер, со друга филозофија и концепт. Сепак, и Макаби многу се смени во однос на претходните сезони...

Во последните години на нивните дуели во Тел Авив, обично се игра на помал број на поени, минатата сезона имаше едвај 121 кош вкупно, што треба да се земе предвид. Макаби е фаворит само затоа што игра на домашен терен, но не треба да заборавиме дека Баерн го имаше главниот збор на целиот натпревар во Тел Авив и на крајот славеше. Пробајте кец, можеби дури и хендикеп.

>>> Сите квоти на натпреварот Реал Мадрид - Баерн Минхен во MOZZART

Реал Мадрид лошо ја отвори Евролигата и звучи скоро неверојатно дека „кралскиот клуб“ има скор од 1-4 по пет одиграни кола! И тоа во ситуација кога практично сите играчи му се на располагање на Пабло Лас. Баерн игра како вистински германски клуб, добро „подмачкана“ машина што гази сè пред себе. Иако разликата во реномето на двата кошаркарски клуба е огромна, не може да се каже дека „бланкосите“ се тука многу големи фаворити. Згора на тоа, благодарение на животните партии на Владимир Лучиќ, Баерн игра извонредно и славеше над три поранешни европски шампиони по ред, па зошто да не и четвртиот? Можеби ќе треба да ризикувате со двојка овде, но не заборавајте дека Баерн никогаш не славел во Мадрид и дека средбите во „Визинк Центар“ отсекогаш биле сериозно ефикасни.

Жалгирис, пак е фаворит против Асвел, кој веќе две недели воопшто не игра кошарка поради проблеми со ковид-19 и типувајте на двојка.