Морнар доби екстра-засилување, потпиша со Американецот Боби Браун

Искусниот плејмејкер Боби Браун следната недела ќе допатува во Бар да потпише договор со првакот на Црна Гора во кошарка, Морнар. 34-годишниот ас на Олимпијакос треба да биде големо засилување за Морнар во Еврокупот во обид клубот од Црна Гора да презими во вториот најквалитетен европски Куп.

Пред да ја предводи играта на Олимпијакос, Браун настапуваше за Алба Берлин, Монтепаски, Арис и Бешикташ. Во НБА лигата го носеше дресот на Сакраменто, Њу Орлеанс, Минесота, Лос Анџелес Клиперс и Хјустон.

Боби Браун ќе вметне клаузула во договорот да може да замине во Кина или некој друг европски клуб во вториот дел од сезоната доколку добие примамлива понуда.