ВИДЕО: Морант со инвалидска количка изнесен од теренот, ќе паузира еден месец

Младата ѕвезда на Мемфис Гризлис, Џа Морант се повреди во победата на својот тим кај Бруклин Нетс (116-111), па мораше со количка да биде изнесен од теренот. 

Плејмејкерот во обид да парира при противнички шут, лошо падна и сериозно го превитка левиот зглоб, а веднаш се виде дека има опасност од потешка повреда. Морант падна и се жалеше на повреда и мораше со инвалидска количка да биде однесен во соблекувалните. 

  • Повредата на Џа Морант:

Најавите од Соединетите Американски Држави не се позитивни за Гризлис, бидејќи најдобриот руки од минатата сезона ќе биде надвор од терените меѓу три и пет седмици поради истегнување на зглобот. Морант важи за ударна игла во тимот на Мемфис и играч кому му се предвидува блескава иднина.