ВИДЕО: Монструозно забивање - Дончиќ го стави Гасол на постер

Лука Дончиќ и По Гасол

Во дербито на Тексас, Сан Антонио славеше на теренот на Далас и покрај одличната шутерска вечер на Лука Дончиќ.

Словенецот уште еднаш докажа дека за него не постои одбрана и постигна 25 поени, проследени со осум скока и асистенции. Публиката уживаше во неговата игра, а тој ги почести фаовите со фантастична тројка со звукот на сирената за напад, потсетувајќи на Стеф Кари.

Но, моментот на натпреваерот беше неговото забивање во дуелот со Пау Гасол. Шпанскиот центар се обиде да му застане на патот со блокада, но наиде на атрактивно забивање од страна на својот ривал.