• Саше Љолес
Американскиот кошаркар, Блејк Грифин, официјално соопшти дека става крај на неговата долга и богата кариера.
35-годишниот Грифин се збогуваше со навивачите и на социјалните мрежи со емотивна објава најави дека ја завршува кариерата, упатувајќи благодарност до сите негови искрени фанови.
„Благодарен сум за секој момент минат на паркетот. Имав и добри и лоши моменти, но пресреќен сум од постигнатото. Сега е време да се посветам на семејството, пријателите и моите најблиски. Морам да упатам огромна благодарност до моите родители и до мојот брат Тејлор.
Тие секогаш ми даваа безрезервна поддршка, заедно со мојот агент, Сем Голдфедер, кој беше гласот на разумот. Ви благодарам на сите, најмногу на навивачите“, напиша високиот кошаркар.
Блејк Грифин беше избран како прв пик на драфтот во 2009 година од страна на Лос Анџелес Клиперс и за овој клуб настапуваше цели девет години. Јавноста ќе го памети по монструозните и спектакуларни забивања, а во кариерата настапуваше уште за Детроит, Бруклин и Бостон.