ВИДЕО: Монструозна партија на Леброн, Далас победи без Дончиќ, нов „трипл-дабл“ за Јокиќ

Натпреварите на Лос Анџелес Лејкерс и Голден Стејт Вориорс секогаш привлекувале големо внимание. Така беше и на последното соочување, кога на паркетот уште еднаш се сретнаа можеби најдобрите кошаркари на денешницата, Леброн Џејмс и Стеф Кари, при што Лејкерси победија со 120-112.

Победата му припадна на ветеранот, кој на 40 години игра неверојатна кошарка. Во победата на неговиот тим против големиот ривал забележа уште еден „дабл-дабл“ од 42 поени, 17 скока и 8 асистенции. Леброн со ова успеа да го надмине легендарниот Мајк Џордан, кој немаше такви бројки во неговите подоцнежни кошаркарски години.

За Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари имаше неверојатна партија со 37 поени, но не доби поддршка од соиграчите и тоа не беше доволно за да ги совлада Лејкерси. Се чини дека сè е подготвено за големото деби на Лука Дончиќ, а штом Словенецот ќе влезе во ритам и со толку добро расположени Џејмс, Лејкерси ќе бидат еден од подобрите тимови на Западот.

Додека продолжува бурата меѓу навивачите на Далас Маверикс поради заминувањето на Лука Дончиќ, тимот од Тексас извојува голема победа на гости кај шампионот Бостон Селтикс, со резултат 127-120

Овојпат Далас одигра феноменален натпревар и прашањето за победникот го реши многу пред крајот на мечот. Маверикси со тројката на Кајри Ирвинг на почетокот на четвртата четвртина стигнаа до максималните + 27 (117-90), а до крајот на мечот Бостон успеа само да ја намали разликата.

Ова беше натпревар на кој домашната публика во Далас го пречека и поздрави играчот кој пристигна на местото на Дончиќ, Ентони Дејвис, кој сè уште чека на своето деби во новиот клуб. Најдобри поединци на натпреварот беа Томпсон и Браун со по 25 поени. 

Денвер Нагетс на домашен терен го совлада Орландо со 112-90 и го забележаа петтиот последователен триумф во НБА лигата.

Српскиот центар Никола Јокиќ, одново одигра натпревар за паметење и го забележа 24-от „трипл-дабл“ во 46 натпревари сезонава со 28 поени, 12 асистенции и 10 скока. Оваа статистика добива дополнително значење ако се земе предвид фактот што Јокиќ воопшто не играше во четвртата четвртина. Поефикасен од Србинот беше само Портер со 30 поени, додека за поразениот тим Картер запиша 19 поени.