ВИДЕО: Монструозна партија на Јанис, Лејкерс без Леброн загуби кај шампионот

Кошаркарите на Милвоки Бакс дојдоа до победа во дуелот со Лос Анџелес Лејкерс од 109-102, во дербито на вечерта во НБА лигата. Неверојатниот Јанис Антетокумбо блесна и со 47 поени го водеше тимот до победата. Иако во таборот на гостите во „Фисерв Форум“ не играше Леброн Џејмс, сепак „езерџиите“ добро се спротивставија на шампионот. 

  • Милвоки Бакс - Лос Анџелес Лејкерс: 

Лејкерси тргнаа одлично и поведоа, ама Бакси се вратија од -10 и до полувреме поведоа со двоцифрени 64-53. Во продолжението гостинот од Калифорнија пак се врати во игра, кратко поведе, но немаше сили за изненадување. Антетокумбо покрај 47-те поени оствари и девет скока, додека кај Лејкерси одлични партии и „дабл-дабл“ имаа Хортон-Такер (25 поени, 12 скока) и Расел Вестбрук (19 поени, 15 асистенции). 

  • Бруклин Нетс - Кливленд Кавалирс: 

На победите се вратија кошаркарите на Бруклин Нетс и во Њујорк го победија Кливленд со 109-99. Џејмс Харден диригираше и беше најдобар поединец во тимот со 27 поени, десет скока и седум асистенции, додека и покрај расположените Рубио (25 поени) и Гарланд (24 поени), Кливленд загуби во „Барклајс центар“. 

  • Феникс Санс - Далас Маверикс:

На останатите терени Далас без Лука Дончиќ загуби на гостувањето кај Феникс (105-98), Портланд славеше со Чикаго (112-107), Оклахома беше подобра од Хјустон (101-89), Минесота триумфираше со Сакраменто (107-97), Мајами го доби Њу Орлеанс (113-98), Бостон загуби во Атланта (110-99), Детроит победи со Индијана (97-89) и Шарлот се радуваше против Вашингтон (97-87). Единственото гостинско славје го имаше Орландо кај Њујорк Никс (98-104).  

  • Портланд Треил Блејзерс - Чикаго Булс: