• Горан Упале
Кошаркарите на Феникс Санс на свој паркет го совладаа Голден Стејт Вориорс со 113-105, во еден од највозбудливите натпревари на вечерта во НБА лигата.
Санси до победата ги предводеа маестралните Девин Букер и Кевин Дурент. Тие му го нанесоа четвртиот последователен пораз на Голден Стејт. Екипата на Феникс го контролираше натпреварот од самиот старт до крајот, во неколку наврати Вориорси даваа отпор, но не успеаја да направат пробив.
Кај Санси се истакна Девин Букер со 27 поени, три скока и девет асистенции, а го следеше Кевин Дурент со „дабл-дабл“ учинок, односно 21 поен, десет скока и три асистенции. Во редовите на тимот на Голден Стејт се истакна Стеф Кари со 23 поени, седум скока и четири асистенции, а солиден беше и Ендрју Вигинс со 18 поени. Вориорси се на четвртото место на Западот со 12 победи и седум порази, додека Санси се на седмото место со скор 11-8.
Далас Маверикс славеша над Јута Џез со 106-94, во натпревар на кој за гостите не настапи словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ.
До победата ги предводеше Кајри Ирвинг со 30 поени, седум скока и девет асистенции, а го следеше Квентин Грајмс со 24 поени. Кај Јута се истакна Лаури Марканен со 19 поени и пет скока, додека Вокер Кеслер запиша „дабл-дабл“ со 18 поени и 10 скока. Јута е на втората позиција на Западот со четири победи и 15 порази, додека Далас е петти со скор 12-8.
Кошаркарите на Милвоки ја извојуваа шестата врзана победа во НБА сезоната, односно вкупно десетта, а главен и одговорен за триумфот против Вашингтон (124-114), беше Јенис Адетокумбо.
Грчкиот ас блесна со нов „трипл-дабл“ од 42 поени, 12 скока и 11 асистенции, а одличен беше и Демијан Лилард со 25 поени и 10 асистенции. На другата страна се истакна Џордан Пул со 31 поен, а два помалку забележа Малколм Брогдон.