Монако во преговори со центар кој доби отказ од Оклахома

Германскиот кошаркар Даниел Теис е во преговори со Монако откако беше ослободен од договорот во НБА лигата. Германскиот репрезентативец пред неколку дена беше трејдуван од Њу Орлеанс во Оклахома, но за него немаше место во ростерот на Тандерси, па стана слободен играч, само 48 часа по трејдот.

Но неговиот статус набрзо може да се промени, бидејќи некои медиуми пренесуваат дека со него контактирал евролигаш од Монте Карло, кој сака да го засили својот рекет за клучниот дел од сезоната.

Избраниците на Василис Спанулис покажаа слабости во играта под кошевите на неодамнешниот натпревар со Партизан, како и на некои претходни натпревари, а Таис дефинитивно е играч кој би можел да пополни многу дупки на таа позиција.

Таис постигна многу и на репрезентативен план - со Германија освои бронзен медал на Евробаскетот 2022 година и злато на Светското првенство во 2023 година.