Монако со Брејк во Париз се врати на тронот во француската кошарка

Кошаркарите на Монако ја освоија шампионската титула во Франција, откако во решавачкиот петти натпревар од финалната серија славеа на гостувањето кај Париз со 92-101. Тимот од Кнежевството до трофејот стигна и покрај бројните проблеми со составот, а дополнителен удар пред „мајсторката“ беа суспензиите на Стразел и Диало.

По израмнетото прво полувреме, Париз во третата четвртина создаде солидна предност и делуваше дека чекори кон титула. Сепак, Монако успеа да се врати во игра, направи пресврт и со одлична последна четвртина го скрши отпорот на домаќинот.

Најефикасен кај победникот беше Блосомгејм со 27 поени, Бегарин постигна 18 и додаде осум скока, додека Окобо мечот го заврши со 12 поени и 15 асистенции.

За Монако ова е трета титула во клупската историја и реванш за поразот од Париз во минатогодишното финале.