• Зоран Мишевски

Ковид-пандемијата целосно го помести календарот на Евролигата и многу натпревари на почетокот од годината беа одложени или поместени. Вечерва се одиграа два натпревари, меѓу кои и француското дерби во елитата.
- АСВЕЛ - Монако 75-100:
Монако извојува победа против АСВЕЛ со 75-100, откако водеше во текот на сите четириесет минути.
Олимпија Милано со 84-76 ја совлада Алба Берлин, водена од италијанскиот тренер Тринкиери. Луиџи Датоме со 15 поени, некои од нив во одлучувачката фаза, беше најефикасен поединец на натпреварот.
- Олимпија Милано - Алба Берлин 84-76:
Натпреварувањето продолжува в петок со нови пет натпревари од заостанатата програма.