• Саше Љолес
Францускиот евролигаш и финалист во елитното натпреварување, Монако, ја завршува својата соработка со најголемата ѕвезда во тимот, Американецот Мајк Џејмс.
Кошаркарот беше вмешан во голема тепачка во еден ресторан, по што веднаш беше суспендиран од клубот кој сега наоѓа начин експресно да ја прекине соработката со него. Проблемот е што Џејмс има договор до 2027 година, а управата е дури подготовена да му плати отштета за да замине.
Проблем во Монако претставуваше и доцнењето на платите, дел од играчите отворено се побунија, па се чини дека атмосферата во тимот не е баш најдобра по завршувањето на сезоната.
Џејмс беше вистински преводник на својот тим и просечно бележеше 15,9 поени во Евролигата. Претходно во кариерата настапуваше за ЦСКА Москва, Олимпија Милано, Панатинаикос и Басконија.
ФОТО/PHOTO: AS Monaco Basket/Twitter/X