• Иван Димовски
Кошаркарите на Монако изборија мајсторка во финалната серија од францускиот шампионат откако на домашен терен го совладаа Париз со убедливи 96-84 и израмнија на 2-2 во серијата.
Домаќините уште од самиот старт го наметнаа својот ритам и по првата четвртина стекнаа двоцифрена предност. До полувремето разликата порасна на повеќе од 20 поени, а на почетокот на последниот период Монако стигна и до највисоки +30 (85-55).
Париз во завршницата успеа да го намали заостанувањето и да го ублажи поразот, но немаше сили за пресврт, па патникот до титулата ќе биде решен во петтиот, решавачки натпревар.
Најефикасен во победничкиот тим беше Стразел со 20 поени и девет асистенции, додека Блосомгејм постигна 16 поени. Кај Париз најдобар стрелец беше Хифи со 20 поени, а Роден додаде 14.
По четири одиграни натпревари резултатот во финалната серија е 2-2, па новиот шампион на Франција ќе биде познат по мајсторката која се игра за два дена.

