Монако до „брејк“ во Каталонија, Баерн го одбрани Минхен од Црвена Звезда

Кошаркарите на Монако славеа во дербито на 27. коло на Евролигата против Барселона (67-77). Средбата во „Палау Блауграна“ понуди голема борба, а Французите се радуваа на триумф со пресврт во второто полувреме. Каталонците водеа од стартот на мечот, меѓутоа потоа „кнезовите“ се наметнаа и дојдоа до пресврт и триумф. Јан Весели од Барса имаше „дабл-дабл“ со 19 поени и 10 скока, додека Монако го предводеше Мајк Џејмс со 17 поени. 

Црвена Звезда претрпе гостински пораз во Минхен кај Баерн (74-66). Букер го водеше германскиот тим до победата со 22 поени на контото, додека кај Србите се истакна Смарт со 13.

На останатите терени Фенербахче беше убедлив против Басконија со 111-96. Асвел на свој паркет го совлада Милано со 81-77, Олимпијакос се истакна како гостин во Каунас кај Жалгирис (76-95).