ФОТО: Моментот кој го одбележа „Последниот танц“ - погледнете што покажуваше храброто момче

Мајкл Џордан

Завршувањето на документарниот филм „Последниот танц“ предизвика бурни реакции ширум светот. Некои беа одушевени од автобиографската приказна на Мајкл Џордан, други пак не беа задоволни од начинот на кој што беа откриени некои детали од внатрешноста на екипата на Чикаго Булс.

Последната епизода од серијалот беше посветена на финалната сезона на Џордан со Булси, односно финалето и шестата титула против Јута Џез. Култната фотографија од последниот шут на шесткратниот НБА првак во дуелот со Брајан Расел беше перфектен начин да се заврши филмот, која според многумина е најдобар спортски момент на сите времиња.

Неверојатен детал може да се забележи ако фотографијата се погледне одблиску. Едно момче со капа од Чикаго Булс држи шест прсти додека Џордан го испраќа шутот за конечна победа во Солт Лејк Сити.

Пандемијата ја натера продукциската куќа „ЕСПН“ да го премести емитувањето на документарниот филм. Првично, замислата на креаторите на ова ремек-дело од десет епизоди беше јавноста да го види во јуни, по завршувањето на НБА сезона.