Момент од другата страна: Како се навистина спортистите?

Изминативе неколку месеци се одржа еден проект низ кој се гледа во поинаква перспектива на кошарката и тоа од страна на Омниверс, невладина организација која е посветена на спортската психологија и социјалниот развој. Овој проект е подржан од ФИБА Фондацијата, односно Basketball for Good, и се работи за подршка на менталното здравје на спортистите.

Како дел од проектот и неговите активности, во последните два месеци се одржуваа работилници за ментално здравје со генерацијата до 16 години од ИБА клубот во Скопје. Темите на кои се работеше се од различен карактер но поврзани со кошарката само со она што не се гледа, мотивација самодоверба, емоционална саморегулација. Како парарелни активности се одвиваа се вртеа и видеа кои доаѓаат од познати личности од кошарката кои ја даваа својата подршка и мислење за менталното здравје како и колку влијае тоа врз нив.

Целиот проект започна како иницијатива пред две години, кога се одвиваа работилници за менталното здравје на спортистите со играчи на репрезентациите, повторно под капата на фондацијата ФИБА. Дел од овој настан во изминатиот период зедоа Дамјан Робев, Миодраг Тодоровиќ, Војдан Стојановски, судијата Зоран Митровски,потоа Едис Нури, Дарин Говенс и одбојкарот Јовица Симоски...

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Omnivers (@omnivers__)

Кон овој проект како придонес за играчите исто така се вклучија и Oxygen, кои им дадоа подароци на крајот од работилниците, третман дишење во хибербарна комора и третман со црвена светлина како баланс помеѓу физичкото и менталното, а додека траеја работилниците Енерџи Wave производите беа освежување кон проектот од фирмата Кола 30.