Момците на Берокал се враќаат со убедлив пораз од „контролката“ со Бугарија

Македонската кошаркарска репрезентација доживеа убедлив пораз во пријателскиот натпревар против селекцијата на Бугарија со конечен резултат 97-68. 

Не одиграа македонските кошаркари лошо во првите две четвртини, и покрај поконкретниот пристап на домашниот тим. Бугарија на паузата имаше водство од 13 поени (50-37), а потоа продолжи со силен ритам и не ни дозволи ниту да помислиме на евентуално враќање во мечот. 

Третата четвртина Македонија ја загуби со 25-16, по што веќе се наѕираше убедливиот пораз на крајот. Последната делница ја отворивме катастрофално, домаќините побегнаа и на +31 (86-55) и го потврдија распадот на избраниците на Жозеп Мариа Берокал. 

Репрезентацијата на Македонија се подготвува за продолжението во претквалификациите за Европското првенство. Играме со Ирска на домашен терен на втори јули, а три дена подоцна гостуваме во Луксембург. Целта е задржување на првото место во групата А. 

Во составот на Македонија, најдобри поединци беа Виктор Ефремовски со тринаесет поени, и Виктор Ташовски со еден поен помалку.