• Саше Љолес
Ѕвездата на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, доживеа повреда на карлицата за време на натпреварот против Торонто и за него ќе следува пауза, јавија американските медиуми.
Кари се врати на терените откако го „прескокна“ мечот во вторникот со намера да се одмори, но доживеа незгодна повреда и остана да лежи на паркетот пред да биде одведен во соблекувалната.
Тренерот Стив Кер изјави дека Кари сакал да се врати на паркетот, но лекарскиот тим го советувал да не го прави тоа за да не ја влоши ситуацијата.
Дополнителните прегледи ќе покажат колку е сериозна повредата, но веќе се шпекулира дека луцидниот плејмејкер нема да биде во составот најмалку две недели. Сезонава Кари бележи просек од 24,2 поени, 6,1 асистенции и 4,4 скока по натпревар.