ВИДЕО: Моќните Никси ја декласираа и Филаделфија, брејк на Минесота во Сан Антонио

Кошаркарите на Њујорк Никс продолжија во силен ритам и ја декласираа Филаделфија 76ерс (137-98) во првиот натпревар од втората плеј-оф рунда во НБА лигата. Никси одиграа нов моќен натпревар, одново беа над границата од сто поени како и на сите други дуели од доигрувањето, а сега демонстрираа сила исто како против Атланта на крајот од претходната серија. 

  • Њујорк Никс - Филаделфија 76ерс:

Џејлен Брансон со 35 поени беше прво име во победата на тимот од Њујорк, додека по него следуваа Ануноби со 18, а по 17 уфрлија Бриџс и Таунс. Кај Филаделфија се истакна Пол Џорџ со 17 поени.

Изненадување приреди Минесота, бидејќи направи прв брејк во серијата со Сан Антонио (102-104). Тимбервулвси одиграа одличен натпревар и во финишот влегоа со предност, а за малку не прокоцкаа „плус девет“ во завршницата. Спарси се вратија во игра, го одбранија последниот противнички напад и имаа свој за победа. Сепак, отворен шут за три поени кои ќе донесеа победа промаши Шампање.

Џулиус Рендал со 21 поен и 10 скока беше најефикасен на средбата, додека Ентони Едвардс му помогна со 18 поени. Кај поразените исто така 18 поени уфрли Харпер, а по 17 имаа Касл и Шампање, додека скромна партија одигра Виктор Вембањама со само 11 поени и 15 скока.