• Иван Димовски
Кошаркарите на Феникс Санс славеа со 123-112 во дуелот со најсилниот тим во Источната конференција Кливленд Кавалирс во НБА лигата. Мечот во „Футпринт Центарот“ му припадна на домаќинот кој имаше улога на аутсајдер. Сепак, во втората и третата четвртина „сонцата“ беа далеку подобри и заслужено триумфираа.
- Феникс Санс - Кливленд Кавалирс:
Главен инспириратор на победата беше Кевин Дурант кој го заврши мечот со 42 поени на своето конто. Останатите стрелци беа далеку зад него, Гарланд од Кливленд заврши со 18 поени, а Букер од Феникс имаше 17 поени и 10 асистенции.
Оклахома Сити Тандер ја продолжи својата доминација на Западот со петтата победа во низа, откако дома го декласира тимот на Шарлот Хорнетс со 141-106. Одново најдобро име во својот тим беше првиот кандидат за МВП признанието Шеј Гилџус Александер со 30 поени и девет асистенции, додека кај Хорнетс се истакна Бриџс со 20.
- Оклахома Сити Тандер - Шарлот Хорнетс:
На останатите терени шампионот Бостон слави во Јута, Портланд го совлада Денвер, Клиперси беа подобри од Мемфис, Минесота беше убедлива со Њу Орлеанс, Сан Антонио слави со Филаделфија, Далас го среди Детроит. Гостински победи забележаа уште Орландо во Вашингтон и Хјустон на Флорида против Мајами.