• Иван Димовски

Кошаркарите на Денвер Нагетс се радуваа на победа против Сакраменто Кингс (132-123) во НБА лигата. Нова моќна партија одигра Никола Јокиќ кој имаше моќен „трипл-дабл“. Српскиот центар уфрли 35 поени, фати 22 скока, а подели и 17 асистенции до соиграчите. Кај Сакраменто се истакна Дероузан со 24 поени, ама тоа беше недоволно за изненадување во „Бол Центарот“.
- Денвер Нагетс - Сакраменто Кингс:
Лос Анџелес Лејкерси одиграа одличен меч и во својата „Крипто.ком“ ги решија Бостон Селтикси (117-96). Дуелот против шампионот мина во знакот на „езерџиите“, а најистакнати на теренот беа Ентони Дејвис со 24 и Остин Ривс со 23 поени, додека нешто поскромен беше „Кралот“ Џејмс со 20 поени и 14 скока. Во таборот на поразените се истакна Порзингис со 22.
На останатите терени Гостински победи забележаа Портланд во Орландо, Торонто кај Атланта, Далас во Оклахома, додека пред своја публика се радуваа Милвоки против Мајами, Голден Стејт со Чикаго и Клиперси против Вашингтон.