Моќен старт на „зелено-белите“, Пелистер лесно мина низ Кавадарци

Кошаркарите на Пелистер на одличен начин ја отворија новата сезона во Првата македонска лига и славеа на гостувањето кај Тиквеш во Кавадарци со 84-96. Комбинацијата на домашни и странски кошаркари лесно се наметна изгради предност и не ја испушти до крајот.

  • Комплетниот натпревар помеѓу Тиквеш и Пелистер: 

Избраниците на Александар Петровиќ ја создадоа клучната разлика во втората и третата четвртина, по што веќе стана јасно дека победата ќе замине во Битола. На паузата Пелистер водеше со 49-37, а по истекот на третиот период резултатот гласеше 76-57. 

Последните десет минути беа чиста рутина за „зелено-белите“, кои апсолутно заслужено ги освоија првите бодови во новото издание на Првата кошаркарска лига.

Во следното коло Пелистер ќе се соочи во дербито против шампионот МЗТ Скопје, додека Тиквеш ќе отпатува на гостување кај МКК Куманово.