Моќен Реал Мадрид во првото полуфинално „Ел Класико“

Екипата на Реал Мадрид се рехабилитира од поразот од Панатинаикос во финалето на Евролигата и со доминантен триумф над Барселона (97-78) го отвори полуфиналето во шпанската АЦБ-лига.

Многумина очекуваа кралскиот клуб да не доминира, но се случи спротивното. Кошаркарите на Реал Мадрид одиграа еден сигурен натпревар, во кој беше јасно како ќе се движат работите уште по десет минути игра кога беше 24-14 за домаќинот во Мадрид.

Најефикасен стрелец во популарното „Ел Класико“ беше Факундо Кампацо кој даде 20 поени со уште десет асистенции, додека Таварес одигра партија со 18 поени и 15 скока. Кај Барселона, Лапровитола даде 13, а Хернангомез 12 поени.

Следниот натпревар од полуфиналната серија меѓу Реал Мадрид и Барселона ќе се игра на 31 мај, повторно во Мадрид, додека третиот меч е закажан во Барселона на 2 јуни.