• Мартин Танасковски

Екипата на Партизан ја продолжи победничката серија во Евролигата. „Црно-белите“ дома славеа над Олимпијакос (90-75) и направија огромен чекор напред кон ТОП-8 во најквалитетното европско кошаркарско натпреварување.
Тимот на Жељко Обрадовиќ повторно потврди дека е во феноменална форма и со предност од почетокот до крајот го надигра грчкиот тим кој е лидер во евролигашкото натпреварување. Нанели и Пантер постигнаа по 17 поени за победникот, додека кај Олимпијакос, Мекисик имаше 21 поен.
Реал Мадрид беше сигурен и дојде до триумф кај Виртус Болоња (79-96). Хезоња имаше одличен меч со 26 постигнати поени, пред Јабуселе со 24 поени, додека кај италијанскиот тим Оџелеје постигна 18 поени.
Монако дома беше сигурен со Валенсија и ја совлада со 90-79, воден од Окобо (15 поени) и Блосомгејм (14 поени). Триумфира и турски Фенербахче против литвански Жалгирис (87-79).