Моќен „дабл-дабл“ на Кабокло, Бразил остана во игра за четвртфинале

Кошаркарите на Бразил славеа во клучниот меч од групата Б против Јапонија со 84-102 и останаа во игра за пласман во четвртфиналето.

Според форматот на Олимписките игри, две од трите третопласирани селекции во групите одат во нокаут фазата, а Бразилците ќе чекаат пораз на Шпанија од Канада или Јужен Судан од Србија

Околу мечот, „самураите“ отворија добро, меѓутоа потоа Бразилците се наметнаа и поведоа двоцифрено. Така се играше и до полувремето на кое се замина со 44-55. Предноста порасна на +16 на стартот на вториот дел, а потоа Јапонија имаше налет и пријде на „минус три“. 

На влезот во последната четвртина Бразил водеше и со само еден поен, но го преживеа налетот и успеа на крајот да запише убедлива победа која беше круцијална за кош-разликата. 

Кошаркарот на Партизан Бруно Каболко имаше моќна партија, забележа „дабл-дабл“ со 33 поени и дури 17 скока. Кај Јапонците најрасположени со двоен ефект беа Хокинсон (26 поени, десет скока) и Кавамура (21 поен, десет скока).