Мобли е избран за најдобар дефанзивец во НБА

Еван Мобли од Кливленд Кавалирс е прогласен за најдобар одбранбен играч на сезоната во најсилното кошаркарско првенство во светот - НБА лигата. Тој ги „победи“ Дајсон Дениелс од Атланта и Дрејмонд Грин од Голден Стејт.

Кливленд беше најдобриот тим по лигашкиот дел во Источната конференција, а Мобли одигра голема улога во освојувањето на првото место. Инаку, Кливленд има водство против Мајами од 2-0 во првото коло од плеј-офот.

Мобли одигра 71 натпревар за Кавалирси оваа сезона, со просек од 0,9 украдени топки, 1,6 блокади и 7 скока.

Најнови вести од
НБА, САД