Младите „металци“ го намачија Пелистер, реванш за Гостивар против кумановчани

На последниот домашен натпревар од регуларниот дел на сезоната, кошаркарите на Пелистер го совладаа жилавиот тим на МЗТ Скопје Уни Банка со 83-77. Во текот на сите 40 минути се водеше изедначена борба, но искуството на домашните кошаркари пресуди.  

Гостите од Скопје започнаа одлично и во текот на целиот прв период делуваа рамноправно. Пелистер се одлепи на +7 во 13. минута, но пак момците на Горан Крстевски реагираа и на крајот од вториот квартал резултатот гласеше 45-43. 

Ништо драстично не донесе ни второто полувреме. Пелистерци поведуваа до +10, но скопскиот тим се враќаше. Сепак, Зекири и Мекиќ го затворија натпреварот со победа од шест разлика за екипата на Малинков. Најефикасни во тимот на Пелистер беа Зекири со 26 и Мекиќ со 16 поени, а кај МЗТ Скопје Уни Банка се истакнаа Арсовски со 14 и Стојановски со 13 поени.

Кошаркарките на Куманово на домашен терен загубија од Гостивар со 79-91. По изедначените први 20 минути, во продолжението се наметнаа гостите и водени од Џелетовиќ и Ли стигнаа до победа од 12 разлика. Ова е своевиден реванш на гостиварчани за поразот пред своите гледачи минатата година.

Во тимот на Александар Петровиќ одличен натпревар одигра Марковски со 19 поени, а кај Марјан Србиновски се истакнаа Џелетовиќ со 15 и Ли, Амстид и Димчевски со по 14 поени. Преостанува само уште едно коло до крајот на регуларниот дел на сезоната, но веќе се знаат екипи кои ќе играат во Суперлигата и оние кои ќе разигруваат во плеј-аутот.