Младите македонски девојки впишаа голема победа против Романија

Женската кошаркарска селекција на Македонија до 14 години забележа победа над Романија со 32-39 во вториот одигран натпревар на турнирот во Скопје

Романките имаа подобра игра и резултат во првите дваесет минути, во кои се стекнаа со водство (21-12). Но, се беше поинаку во второто, она во кое нашите млади кошаркарки покажаа дека можат и дека вчерашниот ден, беше само една почетна, дебитантска слабост.

Одиграа одлична трета четвртина во која го најавија пресвртот. Ја решија во своја корист со 12-3, доволно за да дојдат до егал резултат (24-24).

Но тука не застанаа избраничките на селекторот Сања Адамовска. Притиснаа уште повеќе, особено во дефанзивниот сегмент. Во нападот ја имавме одличната Алексова, која со 20 поени прерасна во прв стрелец на овој натпревар, во кој во оние последни десет минути негативата од првите дваесет ја претворивме во убав успех – победа.