Младиот Сајлас е наследникот на Мајк Д’Антони на клупата на Хјустон

Поранешниот НБА шампион, Хјустон Рокетс го пронајде наследникот на Мајк Д’Антони на тренерската позиција. По завршувањето на договорот, американскиот стручњак со италијанско потекло си замина од тренерското место, а клубот од Тексас му дада шанса да го замени Стивен Сајлас.

Овој стручњак му беше асистент на Рик Карлајл во Далас Маверикс и за него ова е прво искуство како прв тренер. Како скаут и помошник тренер Сајлас работеше во Шарлот Хорнетс, Њу Орлеанс Пеликанс, Кливленд Кавалирс, Вашингтон Визардс и Голден Стејт Вориорс.

Новиот тренер со „ракетите“ потпишал четиригодишен договор. Минатата недела клубот го замени и генералниот менаџер Дерил Мори, а на негово место дојде Рафаел Стоун.