Младиот македонски тренер Бешлиовски потпиша за ФМП од Србија

Поранешниот македонски кошаркар, а сега надежен стратег, Методија Бешлиовски, пред себе има нов предизвик во тренерската кариера.

Имено, некогашниот член на стручниот штаб на ТФТ Скопје, својата тренерска авантура ќе ја продолжи во нашиот северен сосед, каде во тимот на ФМП ќе ја извршува улогата на асистент.

За Бешлиовски ова нема да биде прв интернационален предизвик, затоа што во минатото работеше во Унгарија, а негов последен ангажман беше во грчки Ираклис. Тој исто така е асистент на Смолковски во машката селекција до 20 години.

Како играч тој беше дел од младинските селекции на Македонија, а на клупски план настапуваше за Фени, Вардар, Соколи, Куманово, Кожуф...