Младиот Феникс го шокира лидерот во мак-баскетот!

Големо изненадување се случи на отворањето на колото во Првата лига на Македонија, затоа што младиот тим на Феникс 2010 успеа да слави над актуелниот лидер ТФТ Скопје како гостин (73-75).

  • Комплетниот натпревар меѓу ТФТ Скопје и Феникс 2010:

Имаа кошаркарите на Денис Дервишевиќ негатива од десет поени, но во ниту еден момент во мечот не се предадоа. Се очекуваше лесна победа на ТФТ, ама „фабриката за таленти“ не мислеше такво нешто.

ТФТ цело време беше во плус, а работите се сменија на крајот на последната четвртина, кога од 67-61 на сцена стапи Феникс. Шепард и Марфи го имаа главниот збор на теренот, гостинот така израмни на 69-69, a по една тројка на Митевски, клучните поени за победа ги даде Тимоти на 21 секунда пред крајот. ТФТ имаше напад за победа или реми, но прво Зафиров промаши тројка, па Хотон не реализира двојка.

Тимоти со 18 поени и капитенот Митевски со 17 поени беа најдобри кај победникот, а одличен учинок имаше и Марфи кој постигна 15 поени. Кај ТФТ, Говенс реализира 22 поени, пред Зафиров со 12, а Хотон постигна дабл-дабл учинок од 10 поени и 10 скока.