Младинската кошарка „замрзната“ поради коронавирусот

Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) објави соопштение дека ги прифаќа препораката на Владата и дека во наредниот период нема да има младинска кошарка во нашата земја.

Со оглед на новите мерки наметнати од страна на Владата, во однос на спречување на ширење на вирусот COVID-19, раководството на Кошаркарската федерација ја информира јавноста дека донесе одлука за одложување на сите официјални натпревари во младинските лиги, во период од четиринаесет дена.

Вклучувајќи ги натпреварите во М-18, М-16, М-15, М-14, М-13, и М-12 лигите во машка, односно М-18, М-16 и М-14 во женска младинска конкуренција. Натпреварите кај сениорите, пак, ќе продолжат во ист ритам и наредниот период и понатаму ќе се играат без присуство на гледачи.

Покрај младинската кошарка, коронавирусот ги стопира дуелите во младинска конкуренција во фудбалот, ракометот...