Младинците загубија од Словачка и со еден триумф завршија како 16-ти на ЕП Б-дивизија

Младинската кошаркарска репрезентација на Македонија го завршува Европското првенство Б-дивизија (ЕП) како 16. пласирана, откако во мечот за пласман загуби од Словачка (52-87), во вториот меѓусебен меч на овој шампионат.

Македонија имаше голем проблем со загубените топки и шутот, па Словачка сето тоа го искористи и запиша висок триумф. Дека дебаклот е неизбежен на оваа средба, дадоа до знаење воведните 15 минути од мечот кога Словаците обезбедија двоцифрена предност (12-22) и ја држеа цела средба.

Павле Михајловски со 20 поени и Марко Анастасов со 19 поени беа најефикасните во нашиот национален тим и воедно единствени со двоцифрен учинок.

Нашиот национален тим вторпат загуби од Словачка на ова ЕП Б-дивизија, а забележа само една победа, над Луксембург.