• Горан Упале
Во последниот меч од првата групна фаза на Европското првенство од дивизијата Б во Ереван, машката младинска репрезентација на Македонија загуби од Данска со 89-85 и не успеа да се пласира во ТОП 8 фазата, преку која се стигнува до местата кои водат во А дивизијата.
Максимално изедначена прва, но и втора четвртина во дуелот кој одлучуваше која од двете селекции со победа ќе ги сочува шансите за премин во четвртфиналната фаза од шампионатот во Ереван. Сепак, во преостанатите две четвртини Данска се покажа како доста жилав противник, максимално незгоден и на крајот стигна до победата, за нив трета во групата Ц.
Луканоски беше најефикасниот наш играч, со 21 поен, а одличен беше и Младеновски со 17, додека по 11 поени запишаа Ќириловски, Иванов и Стојковиќ.
Македонија остана на две, и со оглед на далеку од идеалниот расплет, во последното, петто коло, во оној втор дел од шампионатот, избраниците на селекторот Горан Самарциев, помалку и незаслужено, ќе се борат за пласман од 17. до 21. место во крајниот поредок.
