• Горан Упале
По еден ден пауза продолжија возбудувањата на Eвропското првенство од дивизијата Б во Ереван, вклучително и четвртото коло од групата Ц во кое нашата младинска репрезентација за противник ја имаше селекцијата на Швајцарија.
Изгледот на табелата по три одиграни кола кажа дека ова е еден од клучните, и веројатно најважен натпревар за Македонија во првата фаза од шампионатот.
И кога бевме пред знакот „морање“, победивме, макар и минимално, откако во драматичен натпревар и луд финиш славевме над Швајцарците со 81-82. Со оваа победа стигнавме до скор од 2-2 по четири одиграни натпревари, и голема шанса за пласман во ТОП осум фазата.
Во ефикасниот натпревар имавме петмина двоцифрени кошаркари. Ќе остане запаметена шутерската партија на Кечовски, неговите пет тројки (од седум обиди) и 16 поени (плус 4 скока), но и ефектот на Стојковиќ од 16 поени и 5 асистенции и 4 скока, оној на Иванов од 14 поени и 5 скока, на Ќириловски од 12 поени, и на Луканоски, кој заврши со 11 поени и 6 скока.
Наредниот меч за нашата младинска селекција следува на 16 јули (среда), од 16:30 часот, во кој за противник ја имаме репрезентацијата на Швајцарија.
