Младинците ја изненадија Грузија и впишааа првенец на ЕП Б-дивизија!

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 20 години ја запиша првата победа на Европското првенство (ЕП) Б-дивизија кое се игра во Ереван, Ерменија, со изненадување против Грузија (92-84) во рамки на третото коло.

По двата стартни порази од Австрија и Холандија, нашите кошаркари одиграа одлично против ривалот кој важеше за голем фаворит на хартија. Изненадувањето во групата донесе важни бодови во битката за место во следната рунда на шампионатот.

Најдобар стрелец на мечот кај Македонија беше Коста Ќириловски со 18 поени, го следеше Марко Луканоски со 17 поени и 11 скока, одличен беше и Стефан Стојковиќ со 13 поени и 12 скока. Двоцифрен учинок даде и Павел Иванов кој заврши со 14 поени.

Кај Грузија, Александре Даушвили имаше 17 поени, пред Тенго Гогишвили со 16 поени. Следниот меч на ЕП Б-дивизија за Македонија е против Швајцарија, закажан на 15 јули.