Младеновски се враќа во МЗТ Скопје по една година во Словенија

Младеновски

Екипата на МЗТ Скопје денес го потврди првото засилување за следната сезона. Се работи за повратникот во тимот, Љубомир Младеновски, кој го носеше дресот на „штрковите“ во периодот од 2013-2017 година.

Центарот минатата сезона го имаше првото интернационално искуство и настапуваше во Словенија, во екипата на Илирија. 23-годишникот се обврза на двегодишна соработка со македонскиот вицешампион.

Младеновски имаше тешка повреда на раката која го оневозможи да игра во завршницата од сезоната и поради која не беше дел од македонската репрезентација во квалификациите за Евробаскетот.

Во словенечкото првенство минатата година постигнуваше 9,3 поени и собираше 6,5 скокови.