• Мартин Танасковски

Екипата на Гостивар преку новајлијата Ангели (91-86) ја запиша првата победа во Првата кошаркарска лига оваа сезона, со поени во самиот финиш.
Дуелот беше израмнет, двата тима беа резултатски близу, се до влезот во последните десет секунди. Во таа акција, Младеновиќ постигна тројка за гостите, а откако Стојанов промаши за три на спротивната страна, следеше фаул врз Абрам и две слободни фрлања за победа на гостиварчани.
Најдобар поентер на мечот беше Абрам кој запиша 34 поени за Гостивар, а го следеше Елербе со 14 поени. Капитенот Димитриевски додаде 13 со уште десет скока, а Младеновиќ имаше 12 поени. Кај Ангели се истакна Богатиновски со 21 постигнат поен.







