Младеновиќ го напушти АВ Охрид и го засили Радовиш

Плејмејкерот на кошаркарскиот клуб на АВ Охрид, Марјан Младеновиќ одлучи да го напушти клубот и да премине во редовите на Радовиш.

Вчера, Младеновиќ ги помина потребните лекарски прегледи и му се стави на располагање на новиот тим кој со големи амбиции се натпреварува во Втората лига. 

Организаторот на играта во охридскиот тим пристигна минатата сезона кога тимот газеше сè пред себе во Втората лига и со 17 победи од 18 меча се пласира во елитата. Ова заминување на Младеновиќ е вкупно трето од охридскиот состав. Претходно заминаа Дарко Димковски и рускиот интернационалец Дмитри Некрасов.