Младата ѕвезда која треба да го замени Дончиќ промаши шеснаесет шута на дебито!

Огромна еуфорија владееше за дебито на Купер Флег, првиот пик на НБА драфтот за Далас Маверикс. Тимот од Тексас на претседонскиот дуел со Лос Анџелес Лејкерси славеше минимално со 87-85, а влезници за овој натпревар во Лас Вегас се продаваа дури и за 223 долари, додека најефтините беа 85. 

Причината за тоа беше деби настапот на Флег, од кој има огромни очекувања. Сепак, премиерниот натпревар за Далас му беше за заборав. 18-годишното момче заврши со двоцифрен ефект од 10 поени, ама за да дојде до него промаши дури 16 шута. 

Купер Флег шутираше 5 од 21 за Далас на своето деби, па наиде на потсмев и веднаш на критики. На него се гледаше како наследник на Лука Дончиќ. Јасно е дека Флег е уште млад и ова беше веројатно само еден слаб ден, ама на највисоката светска кошаркарска сцена критиките доаѓаат бргу.