Млад шпански стручњак на чекор до тренерското столче на Бруклин

Бруклин Нетс е пред решение за тренерското прашање. Франшизата бара стално решение бидејќи регуларната сезона ја заврши со Кевин Оли кој е привремен тренер. 

Според пишувањето на познатиот новинар Адријан Војнаровски, тимот е во завршна фаза на преговорите со Џорди Фернандез. Станува збор за млад шпански стручња кој во моментов работи како помошник во Сакраменти Кингси. Тој ќе ја доработи сезоната со сегашниот тим и настапот во доигрувањето, а од следната ќе се упати кон Бруклин. 

Минатата сезона Фернандез имаше понуди од Торонто, Феникс и Милвоки, претходно работеше како селектор на Канада, додека во кариерата имаше учество и во тренерски програми во репрезентациите на Шпанија и Нигерија.