МКК Куманово во неефикасен меч го освои Гостивар

Екипата на МКК Куманово им се врати на победите во Првата лига. Тимот на Марин Докузовски славеше на гостувањето кај Гостивар (56-62) во една средба која не беше премногу ефикасна и понуди мал број на поени.

  • Комплетниот натпревар меѓу Гостивар и Куманово:

Во меч со не премногу атрактивна кошарка, до бодовите дојдоа гостите. Гостиварчани дадоа силен отпор во „Младост“, ама не успеаја против ривалот кој имаше еден играч повеќе во ротацијата и почесто менуваше.

Куманово водеше цел натпревар, а во еден момент имаше и плус од 16 поени (11-27). Тоа не го откажа Гостивар, напротив, тимот на Малинков во последниот период се врати на минус од три (55-58) и донесе драма. Сепак, во финишот искуството беше на страната на Куманово.

Урош Луковиќ беше најдобар кај Куманово со 16 поени, пред Тадиќ со 13 и Радукиќ со 12 поени, додека кај Гостивар, Елис имаше 20, а Соколов 10 поени.