МКФ прва промени име, ја стави додавката Северна

Македонската кошаркарска федерација (МКФ) направи промена во името и согласност со законот ја стави додавката Северна во името.

Од денес, Македонската кошаркарска федерација стана Кошаркарска федерација на Северна Македонија (КФСМ). На последниот Управен одбор (УО) на федерацијата беше донесена одлука и истата беше потврдена на Собранието на клубовите.

„Куќата на кошарката“ го носеше името МКФ од 2009 година. Македонската кошаркарска федерација, сега КФСМ, е првата федерација во нашата земја која се води согласно законот.